Секторот за внатрешни работи Велес идентификуваше и изврши службен разговор со 22-годишниот О.С. од Велес, кој се сомничи дека одзел рефлектори со кабли од фонтаната во Младинскиот парк, сопственост на Општина Велес.
Според информациите од полицијата, кражбата била извршена со употреба на остар предмет, а украдените елементи биле пронајдени кај осомничениот. Рефлекторите се вратени на сопственикот, а случајот е пријавен до надлежниот јавен обвинител.
По целосно документирање на настанот, против О.С. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.