На 5 ноември 2025 година, во 13:55 часот, во Полициското одделение Чашка било пријавено дека на земјен пат кон селото Бусилци, општина Чашка, е пронајдено тело на починато машко лице.
По преземените мерки од полицијата, било утврдено дека станува збор за Ѓ.Ѓ. (58) од Велес. На местото на настанот излегла екипа на Итна медицинска помош, при што лекар констатирал смрт.
Полициски екипи извршиле увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција со цел да се утврди причината за смртта. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.


















