Полициски службеници од Полициското одделение Чашка на 8 февруари 2026 година, околу 10:15 часот, кај место викано „Црници“ во атарот на село Степанци, општина Чашка, ги лишиле од слобода В.К. (57), И.Т. (51) и Б.Н. (77), сите од Прилеп.
При вршење службени дејствија, полицијата ги забележала лицата како излегуваат од патничко возило „Лада Нива“ со прилепски регистарски ознаки, при што лицето кое го управувало возилото испукало неколку истрели од огнено оружје, а потоа сите се оддалечиле од местото.
По преземени мерки, возилото и лицата биле пронајдени. При извршен преглед, од И.Т. била одземена малокалибарска пушка „Брно“, 14 неиспукани куршуми и три чаури од малокалибарско оружје, 14 куршуми карабинска муниција, како и чаури и куршуми калибар 12 мм од ловечка пушка, без соодветна документација, детектори и други предмети. Од Б.Н. бил одземен пиштол „Застава“, рамка со седум куршуми калибар 9 мм без соодветна документација, како и други предмети.
Лицата биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

















