Хуманитарната акција за собирање училишен прибор организирана од Општинската организација на Црвениот крст од Велес, на првиот училишен ден спроти велешката гимназија постигна рекорден успех. За само два часа граѓаните донираа 24 комплети на училишен прибор.
Сите 24 комплети ќе бидат распределени до семејства со ниски примања кои имаат ученици во основните или средните училишта во Велес. На овој начин, децата од социјално загрозените семејства ќе можат да ја започнат новата учебна година со сиот потребен прибор.
Организаторите изразуваат голема благодарност до сите граѓани кои се одзиваа на повикот за донации. Посебна признателност се упатува до Мото клубот „Носачи на крстот”, кои значително ја поддржаа акцијата и донираа голем дел од собраниот училишен прибор.