„Снупи“ ја освои титулата за најдобра пастрмајлија на велешката Питијада
Ресторанот „Снупи“ ја освои наградата за најдобра пастрмајлија на годинешната Питијада – Фестивалот на велешка пита и вино, по конкуренција во која учествуваа повеќе мајстори на традиционалниот велешки специјалитет.

За титулата се натпреваруваа угостители кои ја претставија својата верзија на пастрмајлијата, а одлуката за победникот ја донесе жирито со своите гласови.
Првото место му припадна на ресторанот „Снупи“, кој доби признание за пастрмајлијата со која настапи на фестивалот.
























