Сеуште активен пожарот меѓу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци

Pozar Djidimirci

Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово го објави најновиот извештај за пожари на отворен простор во земјава, при што се истакнува сериозната состојба во регионот на Велес. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се вкупно 21 пожар, од кои три сè уште се активни, еден е под контрола, а 17 се изгаснати.

Пожар беснее меѓу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, каде што гори мешана шума. Поради обемот и интензитетот на огнот, во гаснењето се вклучени и припадници на Армијата на Македонија (АРМ), кои работат на терен заедно со противпожарните единици и доброволци.

Agria

Покрај велешко, сериозна е ситуацијата и во општина Македонски Брод, каде пожарот меѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа зафатил деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација. И таму е ангажирана целокупната расположлива механизација за да се спречи понатамошно ширење.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: