Шестгодишно дете од Градско било донесено починато на Детското одделение во Општата болница во Велес, соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес.
Случајот бил пријавен во СВР Велес на 22 јануари 2026 година во 20:23 часот. Според пријавата, детето било донесено во болницата околу 19:45 часот, а имало претходни здравствени проблеми.
Лекар констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
По насоки на јавен обвинител, телото на детето е дадено на обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.

















