„Силно светнал ден“ во среда во Велес – музичко-сценски спектакл за 35 години независност

Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, организиран по повод 35-годишнината од независноста на Македонија, во среда, 12 август, ќе пристигне во Велес. Настанот ќе се одржи во паркот пред Општина Велес, со почеток во 20:30 часот.

Zito baner

Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, пред велешката публика ќе биде раскажана приказната за изминатите три и пол децении од независноста на државата.

Agria

Според најавите на организаторите, во програмата ќе бидат опфатени значајни моменти од поновата македонска историја, како и подемите, предизвиците и достигнувањата во периодот од прогласувањето на независноста до денес.

„Силно светнал ден“ е дел од музички караван кој во пресрет на 8 Септември – Денот на независноста, годинава ќе помине низ 11 градови во Македонија. Во програмата учествуваат познати македонски музички изведувачи и актери.

Караванот започна вчера, 9 август, во Охрид, утре ќе гостува во Битола, а в среда, на 12 август, продолжува во Велес.

По Велес, спектаклот ќе биде организиран во уште осум градови низ државата, а нивните имиња и термините за одржување дополнително ќе бидат објавени.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: