Возел со повеќе од двојно поголема брзина од дозволената,171 километар на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час. На 28 август 2026 година во 14:30 часот, во близина на крстосницата за село Мамутчево, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Д. (36) од село Мамутчево.
При контрола со радар на експресниот пат Лозово–Велес, полицајците констатирале дека Д.Д. управувал патничко возило „БМВ“ со велешки регистарски ознаки со брзина од 171 километар на час.
По насоки од јавен обвинител, возачот бил приведен во полициска станица, а возилото било одземено. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.





















