Велешката полиција доцна синоќа приведе 30-годишен жител на село Долно Караслари, откако бил затекнат како управува возило и покрај тоа што имал изречена забрана за возење.
На 14.02.2026 година во 23:25 часот, полициски службеници од СВР Велес при сообраќајна контрола на улица „Благој Ѓорев“ во Велес сопреле патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.М.(30). При проверката било констатирано дека возачот управувал со возилото и покрај тоа што му била впишана заштитна мерка – забрана за управување моторно возило од Б категорија.
По насоки на јавен обвинител, Б.М. бил приведен во полициска станица, додека возилото било привремено одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
















