Судир на две локомотиви кај Железничката станица во Велес, повреден машиновозач

Zeleznicka Veles voz

Два локомотиви се судриле рано утринава пред Железничката станица во Велес, при што е повреден 27-годишен машиновозач.

Zito baner

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 16 јули 2026 година, околу 04:00 часот, во СВР Велес од Ургентниот центар при ЈЗУ „Општа болница“ – Велес било пријавено дека кај нив со телесна повреда бил донесен Т.Р. (27) од Велес.

Agria

Според првичните информации, несреќата се случила околу 03:00 часот, пред Железничката станица во Велес, за време на маневрирање и преместување на влечни локомотиви од еден на друг колосек.

Во текот на маневрирањето, една локомотива удрила во друга, која била паркирана. Во паркираната локомотива се наоѓал машиновозачот Т.Р., кој при судирот се здобил со телесна повреда.

„На 16.07.2026 околу 04:00 часот во СВР Велес, од Ургентен центар при ЈЗУ „Општа болница“- Велес е пријавено дека кај нив со телесна повреда бил донесен Т.Р.(27) од Велес. Според пријавеното, околу 03:00 часот пред Железничката станица Велес, при премостување на влечните локомотиви од еден на друг колосек, една локомотива удрила во друга паркирана локомотива, во која бил машиновозачот Т.Р., кој  при тоа се здобил со телесна повреда“, се вели во соопштението од МВР.

На местото на настанот увид извршила увидна екипа од СВР Велес. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности под кои дошло до несреќата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: