31-годишен велешанец е приведен откако Основниот суд Велес му изрече казна затвор. Од полицијата информираат дека на 20 февруари 2026 година, во 13:05 часот, И.Б. од Велес е приведен врз основа на наредба на судот. Тој ќе издржува казна затвор во траење од две години и три месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик.
По приведувањето, И.Б. беше спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

















