Две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а едно лице со телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска во Велес.
Според информациите од СВР Велес, несреќата била пријавена околу 2:50 часот на крстосницата на улиците „Вардарска“ и „Академик Пенчо Давчев“, каде се судриле патничко возило „ауди“, управувано од 18-годишниот Д.С. од Башино Село, и „сеат“, управуван од 20-годишниот Љ.Ѓ. од Велес.
Со тешки телесни повреди се здобиле возачот на „сеатот“, Љ.Ѓ., и 19-годишниот Л.Н. од Велес, сопатник во „аудито“. Со телесни повреди се здобил и 19-годишниот Б.Ч. од Велес, сопатник во „сеатот“.
Повредените лица биле пренесени во Општа болница Велес, каде им биле констатирани повредите. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.






















