Тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип–Велес, едно лице загина

Едно лице го загуби животот, а едно е повредено во сообраќајна несреќа што се случила денеска околу 14:25 часот на експресниот пат Штип–Велес. Во несреќата учествувале патничко возило „Фолксваген Пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 72-годишниот М.Н. од Штип, и „Фолксваген Голф“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 18-годишниот М.Ј. од Струмица.

Од здобиените повреди на самото место починал возачот на „пасатот“, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Возачот на „голфот“ се здобил со телесни повреди и е хоспитализиран во болницата во Велес.

Agria

Увид на местото извршува јавен обвинител во содејство со екипа од СВР Велес. Доцна попладнево сообраќајот на делницата е нормализиран, откако беше во прекин во двата правци додека траеше увидот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: