Триесет и петгодишен велешанец се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на регионалниот пат езеро Младост – Велес. Како што информираат од СВР Велес, несреќата била пријавена на 24 мај 2026 година околу 16:45 часот, во близина на крстосницата меѓу улиците „Академик Пенчо Давчев“ и „Димитар Андонов Папрадишки“.
Во несреќата учествувале мотоцикл „БМВ“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Т.К.(35) од Велес и патничко возило „Цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(45) од Велес.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, додека со телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило и сопатниците во возилото, 47-годишната Т.Д. и 16-годишен малолетник, констатирани во Општа болница Велес“, информираа од СВР Велес.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

























