Две лица се тешко повредени, а уште шест се здобиле со телесни повреди во сообраќајната несреќа што утрово се случила на експресниот пат Градско–Прилеп, во близина на Градско.
Според информациите од СВР Велес, несреќата била пријавена во 8:20 часот, а во неа учествувале патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната А.Д. од Битола, и „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот Д.Ѓ. од Скопје.
Тешки телесни повреди се здобиле возачот на „хјундаито“ и 45-годишната О.Г. од Скопје, сопатничка во возилото.
Со телесни повреди се здобиле уште три сопатнички во „хјундаито“ – С.Д. (50) и С.П.П. (42), двете од Скопје, како и возачот на „аудито“. Повредени се и четворица сопатници во „аудито“ – М.Д. (18), А.М. (18) и двајца 17-годишници, сите од Битола.
Повредените биле пренесени и нивните повреди биле констатирани во Општата болница во Велес.






















