Територијалната противпожарна единица Велес ги известува граѓаните дека нема простор за паника поради зголемената задименост забележана во градот.
Од ТППЕ Велес информираат дека димот кој се чувствува и забележува во Велес доаѓа од пожарот во реонот на Зелениково, а не од пожар кој избувнал во самиот град. Екипите ја следат состојбата и се преземаат потребните мерки за справување со пожарот.
Од противпожарната единица апелираат до граѓаните да останат смирени и да не шират непроверени информации, со цел да не се создава дополнителна вознемиреност кај населението.





















