
Три нови случаи на заразени од коронавирус во Велес во последните 24 часа, објави Министерството за здравство.
Во Македонија бројката е 136. Најголем број нови случаи се од Скопје, 80 и во Тетово, 24 случаи. Во Куманово шест случаи, во Охрид се потврдени пет нови случаи, во Прилеп и Велес по три, во Ресен и Гостивар четири случаи, и по еден случај во Штип, Струга, Струмица, Крива Паланка, Кочани, Кичево и Неготино.
Починати се осум лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, двајца пациенти од Тетово, еден од Велес и еден пациент од Кичево.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 43 оздравени пациенти од: Скопје-26, Штип,Прилеп, Кочани, Пробиштип и Кратово по еден оздравен пациент Тетово шест, Велес четири, и Гостивар два оздравени пациенти
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5 445, бројката на оздравени пациенти е 2 091, на починати е 259, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3 095.
Поврзани вести:
