Три случаи на семејно насилство за еден ден во Велес, приведени тројца насилници

semejno nasilstvo

Тројца велешани биле лишени од слобода во одвоени случаи на семејно насилство регистрирани на 29 мај, информираа од СВР Велес. Во еден од случаите, маж физички ги нападнал сопругата и малолетната ќерка и им се заканувал со остар предмет, додека во другите два случаи жртви биле сопруги и малолетно девојче.

Zito baner

СВР Велес во петокот на 29 мај постапувала по три одвоени случаи на семејно насилство, при што биле приведени тројца сторители, а за случаите биле известени надлежен јавен обвинител и Центарот за социјални работи.

Agria

Најсериозниот случај започнал на подрачјето на Центар во Скопје, каде околу 11:40 часот очевидец пријавил дека машко лице физички ја нападнало својата сопруга. По преземените активности било утврдено дека станува збор за семејство од Велес.

„Веднаш по пријавата, полициските службеници презеле мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и заштита на жртвата. По преземените активности било утврдено дека лицата се од Велес, по што од страна на полициски службеници од СВР Велес биле преземени дополнителни мерки за негово пронаоѓање“, соопштија од полицијата.

Според информациите, откако 48-годишниот Џ.Б. и неговата 43-годишна сопруга се вратиле во нивниот дом во Велес, тој повторно извршил физички напад врз сопругата и нивната малолетна ќерка, при што им се заканувал со остар предмет.

„Благодарение на брзата и координирана реакција на полициските службеници од СВР Скопје и СВР Велес, лицето во 21:00 часот било лишено од слобода. Остриот предмет бил пронајден и одземен, а сторителот бил задржан во полициска станица“, велат од СВР Велес.

Истиот ден, во 08:40 часот, во Велес бил приведен и 62-годишниот Л.Н., откако било пријавено дека физички ја нападнал и ѝ се заканувал на својата малолетна ќерка, а физички ја нападнал и неговата 56-годишна сопруга. При извршените проверки било утврдено дека бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 0,70 промили алкохол во крвта.

Од СВР Велес информираат дека против него е поднесена кривична пријава, а судија на претходна постапка му определил мерка притвор, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје.

Третиот случај бил регистриран во 15:20 часот, кога полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот Д.Д. од Велес, по пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата 25-годишна невенчана сопруга. Тој бил приведен во полициска станица, а по целосното документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Од СВР Велес апелираат граѓаните да пријавуваат случаи на семејно насилство, нагласувајќи дека полицијата веднаш постапува со цел заштита на жртвите и санкционирање на сторителите.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: