Физичка пресметка се случила синоќа, на 21 април 2025 година, околу 20:00 часот, на улица „Гоце Делчев“ во Велес. Тројца велешани, Б.Х. (27), Е.Х. (25) и С.У. (34), учествувале во физичка пресметка, со што го нарушиле јавниот ред и мир.
„На 21.04.2025 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Велес ги привеле Б.Х.(27), Е.Х.(25) и С.У.(34), сите од Велес, затоа што на улица „Гоце Делчев“ во Велес го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Тие биле задржани во полициска станица“, велат од СВР Велес
По комплетирањето на документирањето на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.