Тројца во Велес фатени како управуваат мопед без возачко право, двајца се малолетници

Тројца велешани, меѓу кои и двајца малолетници, на 20 септември биле затекнати како управуваат мопеди иако претходно не стекнале право на управување.

Zito baner

Во 20 часот, на улицата „Наум Наумовски Борче“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес при сообраќајна контрола сопрен мопед со велешки регистарски ознаки, управуван од 45-годишниот К.П.Т. од Велес. По извршените проверки било констатирано дека тој управувал со мопедот пред да се стекне со право на управување.

Agria

По насоки од јавен обвинител, 45-годишниот велешанец бил приведен во полициска станица, а мопедот бил одземен. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Истиот ден, во 15 часот, на улицата „Луј Пастер“ во Велес бил сопрен мопед управуван од 17-годишен малолетник од градот. При проверката било утврдено дека и тој управувал пред да се стекне со право на управување.

Малолетникот бил повикан на службен разговор во присуство на родител. По насоки од јавен обвинител, мопедот бил одземен, а за случајот бил известен и Центарот за социјални работи Велес. По документирањето на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Уште еден случај бил регистриран во 19:35 часот на улицата „Ангел Мишев“. Полицијата сопре мопед со велешки регистарски ознаки управуван од 16-годишен малолетник. И во овој случај проверките покажале дека малолетникот управувал со мопедот без претходно стекнато право на управување.

Со него бил извршен службен разговор во присуство на родител и социјален работник од Центарот за социјални работи Велес. По насоки од јавен обвинител, мопедот бил одземен, а по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: