Тројца возачи приведени за помалку од 24 часа во велешко, возеле без дозвола, со забрана или со нерегистрирано возило

За помалку од 24 часа, полициски службеници од СВР Велес привеле тројца возачи кои биле затекнати во сериозни сообраќајни прекршоци. Во три одделни контроли на подрачјето на Велес и Чашка, биле одземени мотоцикл и две возила, а против возачите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Zito baner

Првиот случај е евидентиран на 7 јули во 19:35 часот на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес, каде полициски службеници го лишиле од слобода А.М. (34) од Велес. При сообраќајна контрола бил запрен мотоцикл „Јамаха“ со скопски регистарски ознаки, при што било утврдено дека возачот управувал без положен возачки испит, а мотоциклот бил нерегистриран. По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, мотоциклот бил одземен, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Agria

Во вториот случај, утрово во 06:20 часот на регионалниот пат Градско – Велес, полициски службеници го привеле М.М. (39) од селото Амзабегово, светиниколско. При контрола бил запрен автомобил „Мерцедес“ со светиниколски регистарски ознаки, а проверките покажале дека тој управувал возило пред да се стекне со право на управување. По насоки на јавен обвинител, возачот бил приведен, возилото одземено, а против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Истиот ден, околу 18:55 часот, на местото викано „Долги Рид“ во општина Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишиле од слобода О.В. (36) од Велес. При контрола на регионалниот пат Извор – Велес било сопрено патничко возило „Киа“ со велешки регистарски ознаки, при што било утврдено дека возачот управувал иако имал активна забрана за управување со возила од „Б“ категорија. По наредба на јавен обвинител, тој бил приведен, возилото било одземено, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Од СВР Велес информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период со цел откривање и санкционирање на возачи кои со непочитување на законските прописи ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: