Уапсен 20-годишник од Горно Јаболчиште, пријавен за напад врз малолетна девојка во Велес

Дваесетгодишник од селото Горно Јаболчиште, општина Чашка, е лишен од слобода во Велес по пријава дека физички нападнал 16-годишна девојка со која бил во љубовна врска, а потоа насилно ја внел во автомобил без нејзина согласност.

Zito baner

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 22 октомври, кога А.А. (20) по претходен договор се сретнал со малолетничката. За време на средбата дошло до кратка расправија, по што, според пријавата, момчето физички ја нападнало девојката и ја внело во возило без нејзина согласност.

Agria

Полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода осомничениот, по што бил задржан во полициска станица. За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Велес. Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: