Полициски службеници од СВР Велес на 24 октомври го лишиле од слобода 35-годишниот Ј.А. од Велес, кој се сомничи дека од домот на свој сограѓанин одзел различни предмети.
Според информациите од полицијата, лицето било лишено од слобода во 13:15 часот во Велес.
За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.





















