Уапсен осуденик од Велес кој избегал од КПУ Затвор „Штип“

Zatvor Stip

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка вчера (05.02.2026), околу 10:00 часот, го лишија од слобода Р.П. (49) од Велес, кој бил баран по судска наредба поради бегство од КПУ Затвор „Штип“.

Како што информира полицијата, лицето било осудено на осум години затвор за сторено кривично дело по член 191 од Кривичниот законик, но по бегството било предмет на интензивна потрага.

Agria

По приведувањето, Р.П. е спроведен во КПУ Затвор „Штип“, каде ќе продолжи со доиздржување на затворската казна.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: