Уште еден неодговорен возач заврши во полициска станица откако вчера попладне бил фатен како управува автомобил во силно алкохолизирана состојба низ улиците на Велес.
Вчера, на 07.06.2026 година во 18:35 часот, полициски службеници од СВР Велес на улица „Асном“ запреле патничко возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот Е.Ќ. од Велес. При алкотестирањето, кај него биле измерени високи 1,77 промили алкохол во крвта.
По насоки од јавен обвинител тој бил задржан во полициска станица, возилото било одземено и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
























