Вечерва концерт на Вероника Караколева и Фросина Џини во Велес

Вечерва со почеток во 20 часот, љубителите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат во концертот на сопранот Вероника Караколева и пијанистката Фросина Џини. Настанот ќе се одржи во Ликовниот салон во Велес.

Во рамки на концертната програма, публиката ќе има ретка можност да слушне изведби на италијански арии од Пиетро Маскањи, како и композиции од Жан Хаце, Тодор Скаловски и Франц Шуберт.

Agria

Концертот се одржува како дел од културната манифестација „Велешко лето“, а влезот за посетителите е бесплатен.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: