Велес денеска меѓу најжешките градови во Македонија, измерени 36,2 степени

Велес денеска е меѓу најтоплите градови во земјава. Во 14 часот во градот се измерени 36,2 степени Целзиусови, покажуваат официјалните податоци на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Повисока температура во истиот термин е измерена само во Гевгелија, каде што живата во термометрите достигнала 36,5 степени.

Zito baner

Високи температури денеска се измерени и во Демир Капија, каде биле регистрирани 36,1 степен, како и во Кавадарци и на мерното место Скопје-Зајчев Рид, со по 35,9 степени. Во Струмица се измерени 35,1 степен. Во Скопје-Петровец температурата достигнала 34,9 степени, а во Куманово 34,1 степен.

Agria

Меѓу потоплите места се и Штип со 33,4 степени, Тетово и Виница со 33,0, Тополчани со 32,7, Битола со 31,9 и Прилеп со 31,7 степени. Најсвежо денеска е на Попова Шапка, според мерните податоци на УХМР.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: