Вчера во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес се одржа инспиративен хуманитарен поетски настан под наслов „Стих по стих“, во организација на Вероника Саздовска, со поддршка на библиотеката. Настанот беше посветен на помош за семејството Јовевски, кое неодамна го изгуби својот дом во пожар.
Бројни љубители на поезијата и хуманоста се собраа за да дадат свој придонес. Присутните имаа можност да донираат средства преку купување книги донирани од авторите кои настапија и читаа стихови од своите дела.
Особено внимание привлече и уметничкото дело на Снежана Лазарова – Луна, кое беше изложено за време на настанот, а потоа и откупено и донирано на семејството Јовевски како симболичен подарок за нивниот нов дом.


















