На 15 август во 16 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 36-годишниот Н.Н. од Велес, по претходна пријава дека во семејниот дом направил неред и агресивно се однесувал кон своите родители.
Според пријавеното, Н.Н. во дворот изнел дел од инвентарот од домот и го запалил. Пожарот го изгаснал неговиот татко, а во настанот нема повредени лица.
Н.Н. бил приведен во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.





















