Во раните утрински часови во Велес, пијан возач заврши во полициска станица, а потоа и со кривични пријави. На 20 декември 2025 година, околу 02:10 часот, на улицата „Благој Ѓорев“, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.Н. (49) од Велес. При редовна сообраќајна контрола било сопренo патничко возило „рено“ со скопски регистарски таблички, кое го управувал велешанецот.
По преземените мерки, било утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол, при што алкотестот покажал 1,62 промили алкохол во крвта. Возачот бил приведен во полициска станица, каде, според полицијата, физички нападнал полициски службеник.
За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против М.Н. ќе бидат поднесени пријави по член 297-а за „безобѕирно управување со моторно возило“ и член 383 од Кривичниот законик за „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

















