Велешанец фатен со 1,54 промили алкохол зад воланот, полицијата го приведе

Policija zapira Veles

Уште еден возач во Велес е исклучен од сообраќај откако полицијата утврдила дека управувал возило под дејство на алкохол. Станува збор за 48-годишен велешанец кој бил запрен во доцните вечерни часови, а алкотестот покажал висока концентрација на алкохол во крвта.

Zito baner

Од СВР Велес информираат дека на 11.06.2026 година во 23:03 часот на улицата „Ангел Мишев“ во Велес, полициски службеници го лишиле од слобода Т.Г.(48) од Велес.

Agria

„При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило ‘пежо’ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.Г. и по преземени мерки било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,54 промили алкохол во крвта“, велат од СВР Велес.

Од полицијата додаваат дека по целосно документирање на настанот против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: