Велешанец го испиша името во историјата на „Гитаријада“, Стефан Трајкоски победник со „Конспираси“

Метал бендот „Конспираси“ (Conspiracy) од Скопје е победник на 59. „Гитаријада“ во Заечар, Србија, а зад големиот успех стои и еден велешанец, Стефан Трајкоски, лидер на треш метал составот. Трајкоски е првиот велешанец кому му успеало да ја освои „Гитаријада“, како лидер на бендот кој годинава беше прогласен за најдобар состав од страна на стручното жири на еден од најстарите рок фестивали во регионот.

Zito baner

„Конспираси“ со својот треш метал настап го освои жирито и го однесе признанието за најдобар бенд, додека најголем број гласови од публиката доби босанскиот бенд „Артерије“.

Agria

Годинашното издание на „Гитаријада“ се одржа од 27 до 29 август во Заечар, фестивал кој има традиција уште од 1966 година и е еден од најзначајните фестивали за млади и неафирмирани рок музичари во регионот.

Фестивалот им овозможува на младите бендови да се претстават пред поширока публика, а победата на „Конспираси“ претставува значаен успех за македонската метал сцена, но и посебно признание за велешанецот Стефан Трајкоски.

Покрај натпреварувачкиот дел, публиката во трите фестивалски вечери имаше можност да проследи настапи на познати регионални имиња, меѓу кои „Црвена јабука“, „Зостер“, „Лету штуке“, „Неверне бебе“, Горан Баре и „Мајке“ и „Дивље јагоде“.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: