Велешанец на возраст од 34 години е кривично пријавен за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, велат од СВР Велес.
Станува збор за А.А.(34), против кого СВР Велес поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело.
На 19.02.2026 година во Велес, полициски службеници извршиле преглед на едно лице, кај кое бил пронајден и одземен хероин, кој претходно го набавило од пријавениот.






















