Триесетгодишен велешанец е приведен под сомнение дека извршил тешка кражба во верски објект во Велес.
Од СВР Велес информираат дека на 16 јуни 2026 година во 17:15 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Б.З.(30) од Велес поради сомнение дека во верски објект во градот го сторил кривичното дело „тешка кражба“.
„Лицето е приведено во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР Велес.
Од полицијата дополнуваат дека случајот се расчистува.

























