Четириесет и деветгодишен велешанец е приведен откако бил пријавен дека физички ја нападнал својата сопруга по претходна расправија.
Настанот се случил вчера во Велес, а полициски службеници од СВР Велес интервенирале по добиената пријава и го лишиле од слобода И.М. (49) од Велес.
„На 03.06.2026 во 19:05 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.М.(49) од Велес, постапувајќи по пријава дека по претходна расправија физички ја нападнал неговата 47-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од СВР Велес.
Надлежните институции работат на целосно расчистување и документирање на случајот.






















