Полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода 41-годишниот Л.Н. од Велес, откако било пријавено дека упатувал закани кон 40-годишен адвокат од градот.
Инцидентот се случил вчера околу 19:25 часот, а по интервенцијата Л.Н. бил приведен во полициска станица.
Од МВР информираат дека за случајот е известен јавен обвинител и дека по целосно документирање на настанот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

















