Полициски службеници од СВР Велес вчера го привеле 35-годишниот А.Р. од Велес, врз основа на судска наредба за издржување затворска казна.
„На 24.05.2026 во 11:00 часот, полициски службеници од СВР Велес го приведоа А.Р.(35) од Велес, врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување на казна затвор од шеснаесет месеци, за сторено кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик“, информираат од СВР Велес.
Од полицијата додаваат дека лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Идризово“ за издржување на затворската казна.





















