Полициски службеници од СВР Велес на 5 јануари 2026 година, околу 17:30 часот, го лишиле од слобода Љ.Ј. (36) од Велес, за кого постојат основи на сомнение дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на градот.
По добиени информации за неговите активности, со судска наредба бил извршен претрес во домот на осомничениот, при што биле пронајдени и одземени пари и предмети за кои полицијата сомнева дека потекнуваат од извршените кражби.
Осомничениот бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен надлежен јавен обвинител. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно расчистување и документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.





































