Велешани со нов хуманитарен подвиг, 99 крводарувања на една акција

Во Велес вчера се одржа седмата по ред крводарителска акција во организација на здружението „Велес бајкинг“, која резултираше со рекорден одзив и постигна вкупно 99 дарувања. Со тоа беше надминат претходниот рекорд од 76 дарувања, поставен на една од претходните акции.

Организаторите изразија голема благодарност до сите хумани граѓани кои се вклучија и помогнаа да се соберат потребните количества крв.

Agria

Акцијата беше реализирана во соработка со Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес, Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и здружението „Велес бајкинг“, кои ја истакнаа важноста од редовните крводарителски активности за спасување човечки животи.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: