Велешкиот детски хор „Св. Кирил и Методиј“ продолжува да го освојува светот, следна дестинација Утрехт

Detski hor Sv Kiril i Metodij Polska

Детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ зад себе ја остава 2025 година со причина да се гордее. Велешанчињата пееле на околу дваесетина настапи – дел како гости, дел на свои концерти, меѓу кои блескав целовечерен концерт на сцената во Оломуц, Чешка. Годината не поминала без предизвици – хорот настапувал и на два меѓународни натпревари, еден дома во Македонија, друг повторно во Чешка.

Но, наместо да земат здив, дечињата веднаш продолжуваат напред. Новата 2026 година ја отвораат со Еразмус проектот C.H.O.I.R., кој ќе се реализира од 8 до 15 јануари во Холандија во соработка со здружението „Freedom to discover“. Во програмата учествуваат два европски ансамбли: велешкиот „Св. Кирил и Методиј“ и холандскиот „Zangschool“ од Утрехт. Во рамките на престојот се планирани и два концерти, од кои едниот ќе се случи во коорганизација со Европската епархија на МПЦ-ОА, можност младите гласови од Македонија да се слушнат и пред нашинците во дијаспората.

Agria

Од детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ најавуваат дека хористите ќе го искористат патувањето и за културна и дипломатска посета, децата ќе ја посетат Македонската амбасада во Хаг, претставувајќи го градот и земјата пред светот. Детскиот хор има што да раскаже за минатите дванаесет месеци, но очигледно е дека најинтересните страници допрва ги потпевнува.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: