Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес на 2 ноември ќе настапи на Балканскиот театарски фестивал во Благоевград, Република Бугарија, каде што ќе ја изведе претставата „Ние двајцата и Алојз“.
Со ова гостување, велешкиот театар ќе има можност да ја претстави македонската театарска продукција пред публиката во соседна Бугарија и да ги афирмира своите уметнички достигнувања надвор од државата.
Учеството на фестивалот отвора простор за културна размена, нови уметнички средби и продлабочување на соработката меѓу театрите од регионот. Преку претставата „Ние двајцата и Алојз“, велешкиот ансамбл ќе го продолжи претставувањето на своето творештво пред меѓународната публика.
























