Велешките пожарникари го одбележаа својот ден

Со показни вежби, презентација на противпожарни возила и опрема и дружба со најмладите, Територијалната противпожарна единица Велес денеска го одбележа 20 Мај – Денот на пожарникарите.

Zito baner

На свечениот настан присуствуваа децата од градинката „Димче Мирчев“ и ученици од основните училишта во градот, кои со големо внимание ги следеа симулациите на интервенции и начинот на кој пожарникарите реагираат при пожари и други опасни ситуации.

Agria

Особено внимание кај најмладите предизвикаа специјализираните возила и опремата што секојдневно ја користат пожарникарите во справувањето со огнените стихии. Децата со љубопитност ги разгледуваа возилата, а дел од нив имаа можност одблиску да се запознаат и со дел од опремата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: