Вербална расправија прераснала во хаос: Шестмина приведени по тепачка во кафуле во Велес

Kafici Veles

Вистинска драма се одвивала доцна синоќа во угостителски објект во Велес, каде вербална расправија за неколку моменти прераснала во жестока тепачка меѓу шест лица.

Zito baner

Според очевидци кои биле присутни во локалот, настанал хаос, а вознемирените гости се обидувале да се тргнат на безбедно додека траела пресметката. Тие тврдат дека учесниците меѓусебно се удирале и користеле чаши, шишиња и други стаклени предмети, при што биле искршени повеќе чаши и шишиња.

Agria

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека инцидентот се случил на 13 јули, во периодот од 23:30 до 23:50 часот. Полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода П.М. (39) од селото Смиловци, општина Чашка, како и А.Ј. (39), А.В. (39), Б.Ѓ. (39), Б.М. (38) и Д.М. (39), сите од Велес.

Според полицијата, по кратка вербална расправија меѓу А.Ј. и А.В. избувнала физичка пресметка, во која од едната страна учествувале А.Ј. и П.М., а од другата А.В., Д.М., Б.М. и Б.Ѓ. Во тепачката биле употребени и стаклени предмети.

„На 13.07.2026 во периодот од 23:30 до 23:50 часот, полициски службеници од СВР Велес, ги лишија од слобода П.М.(39) од село Смиловци, општина Чашка, А.Ј.(39), А.В.(39),  Б.Ѓ.(39), Б.М.(38) и Д.М.(39), сите од Велес, затоа што во угостителски објект во Велес, по кратка вербална расправија помеѓу А.Ј. и А.В., настанала физичка пресметка помеѓу А.Ј. и П.М. од една страна и А.В., Д.М., Б.М. и Б.Ѓ. од друга страна, при што биле употребени и стаклени предмети“, се вели во соопштението од полицијата

За случајот е известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот против инволвираните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: