Денеска се одбележуваат 117 години од раѓањето на Коста Солев Рацин, еден од најзначајните македонски поети, публицисти и револуционери, чијашто поезија и денес претставува темел на современата македонска книжевност и културен идентитет.
Роден на 22 декември 1908 година во Велес, Рацин со своето творештво остави длабока трага во македонската литература, особено со збирката „Бели мугри“, која се смета за едно од најзначајните дела на македонската поезија. Неговите стихови, посветени на мака, неправдата и борбата на обичниот човек, ја отсликуваат социјалната и националната реалност на времето во кое живеел.
Покрај книжевната дејност, Рацин бил и активен учесник во револуционерното движење, залагајќи се за слобода, правда и афирмација на македонскиот јазик и идентитет. Неговото дело и денес се изучува, се цитира и служи како инспирација за нови генерации.
По повод годишнината, низ земјава традиционално се организираат културни настани, полагање цвеќе и книжевни читања, со кои се оддава почит кон ликот и делото на Коста Солев Рацин, еден од столбовите на македонската културна и национална историја.
















