ВИС „Адет“ со концерт „Нишки од мелодија исткаени“ во рамки на 20-годишниот јубилеј на ЗГ „Разбој“ – Велес

По повод одбележувањето на 20-годишниот јубилеј на Здружението на граѓани „Разбој“ – Велес, денес во Ликовниот салон во Велес ќе се одржи концерт на вокално-инструменталниот состав ВИС „Адет“, насловен „Нишки од мелодија исткаени“.

Zito baner

Концертот ќе започне во 19:00 часот, а преку музичката програма публиката ќе има можност да проследи вечер посветена на музиката, традицијата и мелодијата како важен дел од културното наследство. Настанот е дел од богатата програма со која ЗГ „Разбој“ го одбележува својот јубилеј – 20 години постоење и активна работа во областа на културата и зачувувањето, негувањето и афирмацијата на културното наследство.

Agria

ВИС „Адет“ е вокално-инструментален состав од Велес, а концертот „Нишки од мелодија исткаени“ е замислен како музичко патување низ мелодии кои носат различни чувства, сеќавања и традициски вредности. Насловот на концертот симболично ја следи и идејата на јубилејот на „Разбој“ – како што нишките се поврзуваат во ткаенина, така и музиката, традицијата и луѓето ги поврзуваат минатото и сегашноста.

Од ЗГ „Разбој“ посочуваат дека јубилејната година е можност да се потсетат на досегашните активности, но и да се создадат нови содржини преку кои културното наследство ќе продолжи да живее и да биде достапно за идните генерации.

Концертот воедно претставува уште еден настан преку кој велешката публика ќе може да биде дел од одбележувањето на значајниот јубилеј на здружението. Влезот е слободен, а од ЗГ „Разбој“ ги покануваат сите граѓани да присуствуваат на концертот и заеднички да бидат дел од јубилејното одбележување.

 


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: