30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

ВНИМАВАЈТЕ: Велешко семејство олеснето со 5000 евра во телефонска измама

pari evra

Велешко семејство останало без 5000 евра, откако интернет измамници успеале да им извлечат пари од сметката, преку телефонска апликација. Семејството, чиј идентитет е познат на нашата редакција, но не сакаше да го откриеме јавно, за малку ќе изгубело двојно повеќе пари и само брзата реакција на банката го спречило тоа.

Zito akcija 640x289px

Се почнало со еден телефонски повик, во кој измамниците им рекле дека на апликација која одамна ја исталирале на еден од нивните мобилни телефони се собрала поголема сума пари, па се понудиле да им помогнат да ги извадат.

Agria

„Се јавија на телефон кај мојот сопруг и му се претставија дека се претставници на некоја апликација. Му кажа дека имал многу пари на апликација која ја инсталирал одамна, пред 7 години и сега парите пораснале во голема сума и дека треба да ги извади, а тие ќе помогнат во тоа. Ти кажуваат да инсталираш една апликација, „Супремо“ и се што тој кажува, треба да стискаш, да ти помогне. Тој влегува во твојот телефон и ти не можеш ништо да направиш. Подигна кредит од 600.000 денари и почна да префрлува пари. Добро е што ние видовме навреме, се јавивме на банката и тие ја блокираа сметката. Така само пола ги префрлија – 300.000 денари“, раскажа сопругата на измамениот велешанец.

Таа случајот го пријавила во полиција и ги предупредува другите повеќе да внимаваат кого разговараат со непознати по телефон.

Се почести се измамите преку телефон и интернет. Пред два дена 65-годишна кумановка и била измамена со 30 илјади евра. Според соопштението на МВР, постарата жена добила телефонски повик од некој кој се претставувал како полицаец и и зел 30.000 евра, под изговор дека нејзината ќерка учествувала во сообраќајна несреќа.

„На 31.01.2025 година во 14:30 часот, 65-годишна кумановка пријавила дека од страна на лице и’ била измамена 30.000 евра. Според пријавата, лицето и’ се јавило на телефон и претставувајќи се како полицаец ја известило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна незгода во која удрила дете имигрант и ќе мора да плати одредена сума пари за да избегне кривично гонење“, соопштија од Секторот за внатрешни работи.

Пред неколку месеци, голем број граѓани беа жртви на пирамидални измами, откако по неколкумесечно вложување им беше ветувана голема заработка. Голем дел од нив, посебно оние кои се приклучија на апликациите во август и септември, ги загубија своите пари, бидејќи апликациите ненајавено престанаа да работат.

Измамниците демнат на интернет, обидувајќи се да украдат лични податоци од граѓаните преку разни „фишинг“ софтвери. Една од најчестите, е измамата во која се испраќа порака од лажна пошта, со инфоркација дека за пратката која се очекува, треба да се плати одреден износ за царина и се бара оставање на податоци од банковна сметка.

Од МВР постојано апелираат до граѓаните да бидат внимателни, каде и кому оставаат лични податоци.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: