Успешно е реализирана крводарителската акција во Чашка, на која денеска беа собрани вкупно 24 крвни единици. Особено значајно е што двајца од крводарителите за првпат даруваа крв, со што станаа дел од најхуманото семејство во државата.
Акцијата ја организираа Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина, со поддршка од Општина Чашка и ООУ „Тодор Јанев“. Во реализацијата беа вклучени и тројца волонтери од Основната организација на Црвениот крст од Чашка.
Крводарителската акција се одржа по повод 21 Август – Денот на Општина Чашка, која годинава одбележува значаен 30-годишен јубилеј од своето постоење.





















