Во Локалната библиотека промовирани новите книги на младата авторка Вероника Саздовска

Promocija Veronika Sazdovska

Во медијатеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес, се одржа промоција на второто и третото книжевно дело на младата велешанка Вероника Саздовска – „Без крај“ и „Животот е убиец, а ти борец“.

Саздовска, која на книжевната сцена дебитираше со книгата „Среќната девојка“, повторно се обраќа на младата публика со автентичен и искрен глас. Во своите нови изданија таа отворено говори за тишината во која живеат многу млади, осаменоста, стравовите, борбата со анксиозноста и депресијата.

Agria

Книгите, кои се препорачуваат за млади кои се соочуваат со психолошки предизвици, носат силни пораки за надеж, разбирање и поддршка. Промотор на книгите беше Десанка Николова, а рецензијата ја изработи писателот Анде Д. Јанков. И двајцата ја истакнаа храброста на авторката да пишува на теми кои се сѐ уште табу во нашето општество, но се клучни за психолошкото здравје на младите генерации.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: