Во Мелница ќе се одржат „Мелнички средби 2025“ – културен собир на иселеници и жители

Melnicki sredbi 2023

Во петок, на 25 јули 2025 година, во селото Мелница, Општина Чашка, по трет пат ќе се одржи културно-забавниот настан „Мелнички средби 2025“. Овој настан, кој веќе станува традиција, е посветен на повторното поврзување на мелничаните – како оние кои живеат во селото, така и иселениците ширум светот.

Организатори на манифестацијата се здружението на граѓани за граѓански иницијативи „МЕЛ – МЕЛ 2023“ од Мелница, во соработка со здружението „МАК–МЕЛ“ од Швајцарија и Германија. Настанот е поддржан од Општина Чашка.

Agria

Присутните ќе имаат можност да уживаат во богата уметничка програма со настапи од домашни и странски уметници, фолклорни групи и културно-уметнички друштва. Главната цел на „Мелнички средби“ е да се зачува и промовира културното наследство, како и да се зајакне врската меѓу жителите и дијаспората.

За сите кои нема да можат да присуствуваат физички, овогодишното издание на „Мелнички средби“ ќе биде достапно и преку директен пренос. Стримингот ќе го овозможи Live Streaming Production, со што љубителите на настанот ќе можат да го следат во живо од каде и да се.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: